Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека западните земји мора да бидат подготвени да дадат долгорочна поддршка на Украина, бидејќи Русија не покажува знаци дека ќе попушти.

Столтенберг изјави за Би-Би-Си дека воената поддршка ќе обезбеди опстанок на Украина како суверена земја и ќе ја принуди Русија да седне и да преговара за крај на војната.

Како што рече, делумната мобилизација на Русија, која започна во септември, покажа дека Москва во моментов нема желба да ја прекине војната.

– Украинските сили имаа моментум неколку месеци, но знаеме дека Русија мобилизираше многу повеќе сили, многу од нив сега се на обука, рече Столтенберг.

Тој додаде дека сето тоа укажува дека, како што рече, Русија е подготвена да ја продолжи војната и да се обиде потенцијално да започне нова офанзива.

– Сега мораме да и пружиме поддршка на Украина, вклучително и воена поддршка, бидејќи ова е единствениот начин да се убеди Русија дека мора да седне и да преговара со добра волја и да ја почитува Украина како суверена независна нација во Европа, рече тој.

Столтенберг заклучи дека она што Украина може да го постигне на преговарачката маса зависи целосно од нејзината сила на бојното поле.