Во текот на вчерашниот ден, од 14 до 20 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи што престигнуваат непрописно, при што санкционирани се 132 возачи.

Од нив, како што информираат од МВР,  42 на територија на СВР Тетово, 25 на територија на СВР Охрид…

Од МВР посочуваат дела засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да придонесат за побезбедни патишта.