Пратеникот Перпарим Спахиу, од Социјалистичкото движење за интергација, предупреди денес дека странските инвеститори ја напуштаат Албанија заради немање стандарди и нелојална конкуренција.

Спахиу истакна дека германската компанија Мегле ја напуштила земјата затоа што Владата не можела да обезбеди соодветна бизнси клима за компанијата. Тој додаде дека ова се случува кога во регионот постои трка за странски инвеститори.

-Скапите суровини за фармите, немање стандарди и нечесна конкренција во доменот на производството ја погодиле компанијата Мегле во Албанија. Ова е ситуација како бизнисот во Албанија се води, додека регионот со години се бори за што повеќе инвестиции со тоа што создава подобри услови за странските инвеститори. Дури и хотелот со пет ѕвезди Шератон си замина од Албанија. Исто така еден амбициозен инвеститор во областа на туризмот побегна заради насилство кон него“, изјави Спахиу.