Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на улицата Првомајска во Скопје, во која животот го загубија две млади лица.
Како што објавија повеќе медиуми, несреќата се случила на Првомајска кој води кон населбата Драчево. Сообраќајот е блокиран, а пристигнале и возила за брза помош.
Несреќата се случила во близина на салонот за мебел на „Мебел-Ви“ во правец кон Драчево, а во неа учествувале два автомобила кои се уништени.
Според првични информации двете момчиња се на возраст од 20- 30 години, а починале уште пред да дојде Брзата помош.