Македонскиот прехранбен сектор, во кој доминираат компании со мнозински домашен капитал, е еден од секторите кои беше најмалку погоден во пандемијата, дури одредени сектори имаа и раст на извозот, објави порталот Струмица денес.

И покрај сите економски препреки, пишува порталот, три струмички фирми успеаја да се истакнат меѓу најдобрите.

На прво место се наоѓа „АЛ-Макс“ рефинерија за масло со извоз од 17.479.633 евра во 2020 и 2021 година.

На второ место се наоѓа „Тргопродукт“ производителот на ајварите и преработки од брендот Мамас со извоз од 13.532.398 евра во 2020 и 2021 година.

И на трето место се наоѓа „Макс“ производител на прехрамбени продукти со 10.456.363 евра во 2020 и 2021 година.

Ако се погледне сопственичката структура на струмичките шампиони во извоз ќе се види дека тие се блиски до поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.