Струмичанка е осомничена дека се обидела да го отруе сопругот. Одредена и е мерка притвор од 30 дена.
Таа се сомничи за кривично дело „убиство во обид“. На 7 јуни во семејниот дом во селото Иловица, 39-годишната жена му сварила кафе на сопругот и во него ставила течно средство хербицид „моносан Херби“.
Откако сопругот го испил кафето, излегол во дворот и паднал во бессознание.