Со 169 индекс на загаденост Скопје вечерва по 18 часот е на осмото место во светот според загаденоста на воздухот, а е на прво место како најзагаден град во Европа.

Но, Струмица вечерва има уште позагаден воздух од 225 индексни единици, со што е и најзагаден град во регионот.

Покрај Струмица, позагаден воздух се дише во Гостивар, а приближно како во Скопје е во Битола и во Кавадарци

И покрај ова, денеска беа укинати владините препораки за заштиа од загаденоста.