Суд во Мелбурн отфрли обид на студент на австралиски факултет да поништи негативна оценка на вежби. Чимни Наик (23) студент по новинарство на Универзитетот Монаш, откако добил негативна оценка за видео прилог го тужел универзитетот.

Судијката откако ја отфрлила тужбата и барањето за промена на оценката, му рекла на Наик дека пад на вежби не значи и крај на светот.

– Ве поттикнувам да продолжите со животот, нагалси судијката Мелинда Ричардс.