Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, објави фотографија од еден оброк во студентски дом во Скопје.
Во чинијата има пире и месо, кое не е допечено, па на студент му било сервирано да го јаде полуживо.
– Medium rare треба да е ова или некој во власта сериозно треба да се преиспита дали е воопшто нормален?, коментира Попов во својата објава на Фејсбук.
Неодамна премиерот Димитар Ковачевски, за да покаже блискост со народот и студентите, покрај друго ручаше и гравче во студентска менза во Скопје.