Според нова студија објавена во списанието Journal, океаните на Земјата се многу потопли отколку што претходно се сметало и се загреваат побрзо.

Студијата покажа дека океаните станале многу потопли отколку што беа во шеесеттите години на минатиот век, а нејзините автори тврдат дека во 2018 година, океаните биле најтопли досега.

Кога водата се загрева, зафаќа повеќе простор, што значи дека нивото на морето се зголемува. Според студијата, само тој ефект може да предизвика зголемување на нивото на морето за околу 30 сантиметри до крајот на векот.

-Тоа не звучи многу, но постојат многу градови во светот што се на височина не повеќе од 30 сантиметри над нивото на морето. Тоа значи дека милиони и милиони луѓе може да бидат раселени, објасни Стивен Симпсон, професор по биологија на морето од Британскиот Универзитет Екстер, во зијава за Си-Ен-Ен.

Покрај тоа, затоплувањето на океаните предизвикува побрзо топење на глечерите, поради што нивото на морето е уште повисоко.

Поради тие два феномена, нивото на морето може да се зголеми за еден метар до 2100 година, а милиони луѓе би морало да ги напуштат своите домови.