Од почетокот на емитувањето на серијата „13 причини зошто“, бројот на самоубиства меѓу деца од 10 до 17 година се зголемил за една третина, покажува студија спроведена во САД.
Според студијата спроведена во САД од април 2017 година, бројот на самоубиства меѓу деца на возраст од 10 до 17 година е во пораст за една третина, а тој пораст се случил откако Нетфликс почнал да ја емитува серијата „13 причини зошто“ (13 reasons why).
Авторите на студијата од Националниот институт за здравство (НИХ) објавија дека поради ограничени податоци не можат да најдат директна поврзаност на порастот на бројот на самоубиства со серијата, но факт е дека од април до декември 2017 година се регистрирани 195 самоубиства на деца на возраст од 10 до 17 години повеќе во однос на претходните години.
Серијата „13 причини зошто“ зборува за тинејџерка која оставила 13 снимки на кои кои објаснува зошто се одлучила на самоубиство. Во последната сцена од првата сезона главната хероина си сече вени во када.
Овој кадар ги вознемирил родителите и здравствените работници па Нетфликс морал да стави дополнително предупредување за гледачите.
Втората сезона почнала да се емитува во мај минатата година, а Нетфликс нарачал и снимање на трета сезона.