Denesen.mk
27.12.2025.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

АЕК: Трет мобилен оператор на почетокот од 2026-та во Македонија ќе ја зголеми конкуренцијата и квалитетот на услугите

ВО КАСАРНАТА ВО ПЕТРОВЕЦ: Сиљановска и Мисајловски на видеоконференциска врска со мировниците и средба со нивни семејства

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Потрес со јачина од 2,2 степена според Рихтеровата скала, епицентарот е на 105 км југозападно од Скопје

ОТЕЦ ОЛИВЕР: За да бидеме хумани не треба да чекаме празници и само два-три дена годишно, туку 24 часа, 365 дена во годината

БРЗА ПРАВДА: ОЈО поднесе обвинение судот го осуди на една година затвор возачот што дивееше во Кавадарци и повреди полицаец

Македонија

Судења на „Т“ на СЈО: Талир одложено за 12 јуни

/ 28.05.2019
Share
Судења на „Т“ на СЈО: Талир одложено за 12 јуни

Судењето за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, „Талир”, се одложува за 12 јуни поради отсуство на обвинетиот Леко Ристоски.

Судијата Осман Шабани, информира дека во 9.30 пред отпочнување на денешното рочиштето адвокатот на обвинетиот Леко Ристоски доставил поднесок од Клиника за дигестивна хирургија со кој ги известува Судот дека обвинетиот Леко од 17 до 27 мај 2019 година се наоѓал на лекување, а на ден 27.05 2019 истиот е пуштен на дома.

Судот, исто така, констатира дека од страна на бранителот Дончо Наков на 27 мај бил доставен поднесок со прилог одговор на барање до Собрание, со кое претседателот на Собранието го известува адвокатското друштво дека барањето за автентично толкување на законот за СЈО доставено од јавниот обвинител Љубомир Јовески е пристигнато на 13.02. 2019 во кабинетот на претседателот на Собранието и по што е процесирано и доставено до Влада за мислење, кое до доставување на овој поднесок не е одговорено.

Адвокатот Дончо Наков, пред Судот наведе дека поднел ново барање до Собранието за ургенција за итно одговарање на барањето за автентично толкување.

Во судница беа присутни останатите обвинети Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кои беа спроведени од куќен притвор, како и пратеникот Илија Димовски.

Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес се уште се наоѓа на почеток и веќе неколку месеци се одложува почетокот поради неприсуство на некој од обвинетите или Судскиот совет, но и менување на бранителите и застапниците на ВМРО-ДПМНЕ, како и барање за автентично толкување на став од Законот за СЈО.

Застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.

Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Ознаки: талир
Од истата категорија

СДСМ: ВМРО удри врз нас со Геро и Деспотовски, во обид да ни ја урне партијата одвнатре, оти се бориме против тендери и криминал

ВО КАСАРНАТА ВО ПЕТРОВЕЦ: Сиљановска и Мисајловски на видеоконференциска врска со мировниците и средба со нивни семејства

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Потрес со јачина од 2,2 степена според Рихтеровата скала, епицентарот е на 105 км југозападно од Скопје

ОТЕЦ ОЛИВЕР: За да бидеме хумани не треба да чекаме празници и само два-три дена годишно, туку 24 часа, 365 дена во годината

БРЗА ПРАВДА: ОЈО поднесе обвинение судот го осуди на една година затвор возачот што дивееше во Кавадарци и повреди полицаец

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека Заев гради солитер треба да каже и како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи

Најнови вести

СНЕЖНА БУРА ВО ЊУЈОРК: Стотици летови се откажани, властите ги повикуваат жителите да избегнуваат патувања и да останат дома


СДСМ: ВМРО удри врз нас со Геро и Деспотовски, во обид да ни ја урне партијата одвнатре, оти се бориме против тендери и криминал


АЕК: Трет мобилен оператор на почетокот од 2026-та во Македонија ќе ја зголеми конкуренцијата и квалитетот на услугите


ВО КАСАРНАТА ВО ПЕТРОВЕЦ: Сиљановска и Мисајловски на видеоконференциска врска со мировниците и средба со нивни семејства


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ