Неформалниот сопственик на 1 ТВ Бојан Јовановски алијас Боки 13, која вечерва го емитува последниот ТВ Дневник, во ноември треба да се појави на суд поради неплатена хируршка интервенција во една приватна болница, објави порталот А1 он.

„Пред судијката Лилјана Зафировска-Петреска во скопскиот граѓански суд на 6 ноември година треба да се појават Бојан Јовановски и неговиот правен застапник и адвокатот на приватна скопска болница во судска парница поради неплатена здравствена интервенција. Долгот за кој е поведен спорот изнесува 10.313 евра, а станува збор за операција која Боки 13 ја извршил неодамна во таа приватна болница“, објави порталот.

Информацијата била потврдена и од Основниот граѓански суд.

Боки 13 моментно се наоѓа во притвор во Шутка како првоосомничен во аферата Рекет.