Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, која го води случајот „Монструм“, откако беше укината првата пресуда, на денешното рочиште најави дека за сведок ќе го повика и премиерот Зоран Заев.
Денеска во судот беше договорено судењето да продолжи на 5 септември кога ќе се слушаат „бомби“ доставени од СДСМ во СЈО, а предложени од СЈО како дополнителни докази за петкратното убиство кај Смилковско Езеро што се случи на 12 април 2012 година.