Владиниот протокол на Зоран Заев продолжува со гафовите што ги прави со знамињата при пречекот на странски гости во Владата.

Денеска српската премиерка Ана Брнабиќ беше пречекана на платото пред Владата со високи почести и без знамето на Србија.

Ова наиде на иронични шеги кај јавноста – што е сигурно, сигурно е, протоколот пак да не го греши знамето како што тоа го направи со австрискиот премиер Себастијан Курц и други случаи. Вака владиниот протокол одлучи дека со непоставување знаме, нема шанси истото да се погреши.