Криминализираниот систем на премиерот на Македонија, Зоран Заев, е производ на администрацијата во заминување на ЕУ, претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер и високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, како и нивниот пристап до Балканот и затоа не можат да го прифатат нивниот дел од одговорност, објавува денеска белградскиот весник Курир.

Како што пишува српскиот весник, наместо тоа, тие се одлучија да молчат, открива професорот по геополитика, Ларис Гајзер, кој за прв пат објави снимки од аферата „Рекет“ во весникот „Ла Верита“.

– Може ли некој нормален човек да поверува дека никој во ЕУ немал идеја што се случува во Македонија? И ако е така, во тој случај, тие се виновни за неспособност, цитира Курир.

Натаму во текстот на српски Курир пишува:

Гајзер додаде дека македонското обвинителство има документи што ја откриваат аферата пред еден месец, но ништо значајно не е сторено за тоа.

– Без моите написи во весникот „Верита“, вистината никогаш немаше да излезе на виделина и сега на сите им е јасно дека целата земја во заложништво ја презеде криминална организација која направи се за да се заштити или уништат доказите. Да бев советник на премиерот Заев и да знаев сè што знам, веднаш ќе го советував да си даде оставка, изјави Гејзер за македонските медиуми за аферата во која шоуменот Боки 13 се обиде да изнуди пари од бизнисменот Јордан Камчев.

Боки 13 е пријател на македонскиот премиер и специјалната обвинителка Катица Јанева, која веќе е во притвор, пишува белградскиот весник.