Утрото започна третото рочиште за случајот „ПУЛС“, трагедијата која се случи на 16.03.2025 година, во која животот го загубија 63 лица, а повредени се повеќе од 200 лица.
Обвинетиот службеник во Министерството за економија, Џеваир Камбери, во 2019 директно побарал и добил 200 евра од Дејан Јованов на неговата банкарска сметка без да биде спроведена законска постапка за добивање лиценца за угостителска дејност.
Во затворот кај обвинетиот Џеваир Камбери од Министерството за економија за случајот „Пулс“ биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, информираше судијката Диана Груевска Илиевска непосредно пред почетокот на денешното рочиште и го опомена обвинетиот.
Тој изјави дека ги пронашол телефоните кога стигнал таму.
– Ги пронајдов телефоните кога стигнав таму – изјави обвинетиот пред Судот.
Непосредно пред почетокот на денешното рочиште таа информираше и дека биле поднесени нови полномоштва за оштетени лица.
На денешното рочиште се очекува произнесување на вина и воведни зборови на одбраната.
Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари.
Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.
На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници, меѓу кои и Џеваир Камбери, кај кого биле пронајдени телефоните.
Во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.




