Обвинителството при претресот во домот на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 одзело голем дел брендирана гардероба и разни други предмети, рече на денешното рочиште за случајот „Рекет” обвинителката Ивана Трајчевска, читајќи ги материјалните докази.

– Од гардероба се одземени 77 пантлони, 50 пара кондури, 15 пара патики, 15 пара чизми, 50 пара наочари, три часовника од марката ,,Ролекс”, ташни, маси, теписони, украси сваровски и други предмети. Во домот на Јасминка Јовановска, мајка на обвинетиот Јовановски, се одземени 100 банкноти од по 50 евра, рече обвинителката Трајчева.

Додека се читаа доказите, обвинетиот Бојан Јовановски, рече дека одземањето на облеката е преседан, бидејќи никој досега не бил оставен без гардероба.

-Барам сите овие докази, поединечно да се презентират пред суд, рече Јовановски. Но, судијата Васка Николовска-Масевска, го отфрли оваа барање.

Обвинителката Трајчева рече дека од канцеларијата на Катица Јанева во СЈО одземени се седум усб  стикови, еден лаптоп и два надворешни хард дискови.

Во продолжение на презентирање на материјалните докази за предметот ,„Рекет”, обвинителката Трајчева истакна дека во домот на обвинетата Јанева во Скопје, се одземени, уште два усб стика, еден латоп и една кожна ташна „Луј Витон”.

Инаку, одбраната на обвинетите во случајот „Рекет”, најави дека како сведок ќе го повикаат и Зоран Милевски – Кичеец, осуден во овој предмет.

Судењето за „Рекет” е во тек.