Своевремено Дејвид Бекам носел копачки произведени во Босна и Херцеговина, а сега босански копачки ќе носат судиите на престојниот Мундијал во Русија. Копачките се произведени во Прњавор и Дервента, во производните погони кои работат за познати светски брендови.

За судиите на Светското фудбалско првенство во Русија во БиХ се произведени 351 пар копачки, а за Адидас досега произвеле илјадници фудбалски копачки.

– Овој производ „Копа Мундијале“ се изработува преку 30 години, нашата фирма досега на Адидас ми има испорачано повеќе од 12 милиони чифта. Тоа е посебна серија, уникат, вели директорот на фирмата „Санио“, Радован Пазуревиќ.

Како што пишува „Н1“, малкумина се тие што не знаат дека годинава се одржува Светското фудбалско првенство, но многумина не знаат дека копачките за судиите на Мундијатот се произведуваат во Прњавор, во Босна и Херцеговина.