Тројца Белоруси се осудени на затворски казни од 21 до 23 години, бидејќи се обиделе да спречат транспорт на воена опрема во Украина во првите денови од руската инвазија, информира Центарот за човекови права „Гомел Спринг“.

Олег Молчанов, Дмитриј Равич и Денис Дикун беа осудени за палење на разводната табла на станицата Жерд-Останковичи на железничката пруга што води кон Украина.

Инцидентот се случи на 28 февруари, на петтиот ден од руската инвазија на Украина. Поради тоа извесно време беше оневозможено функционирањето на семафорите и прекинувачите на оваа делница од пругата. Судот во Гомел, Белорусија ги обвини за тероризам, предавство, намерно оштетување на комуникациските патишта и учество во екстремистичка група.

Судот го осуди Молчанов на 21 година затвор, Равиќ на 22 години, а Дикун на 23 години. Исто така, секој од нив е казнет со 4.800 белоруски рубљи (приближно 1.916 американски долари), а пронајдениот имот при претресот е конфискуван, пишува „Украинска Правда“.

Инаку, Истражниот комитет на Белорусија кон крајот на јуни објави крај на истрагата против Молчанов, Равиќ и Дикун. Во тоа време, Истражниот комитет изјави дека мажите може да се соочат со максимална смртна казна за извршување на овие злосторства.