Заев и Црвенковска освен партијата СДСМ, ги поврзува и замешеталството во пропаѓањето на Еуростандард банка, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ за изборот на новата претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска.
-Сопругот на Павлина Црвенковска ново назначената претседателка на Судски совет, исто како и Заеви преку неговата фирма земал кредит од Еуростандард банка, и не го вратил. Покрај тоа што истата била шеф на кабинет на Бучковски и функционер во владите ма СДСМ, Црвенковска има уште една поврзаност со врвот на СДСМ. Црвенковска не е и не може да биде непристрасна затоа што е партиски функционер од СДСМ кој низ годините била на високи позиции, се вели во реакцијата.
Црвенковска, се додава натаму во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, никогаш не била судија, а треба да оценува судии.
– Небулозите на СДСМ немаат граници. Ја повикуваме ДКСК да го забрза случајот со Црвенковска, а ЈО да отвори случај за можни злоупотреби.
Црвенковска да си даде оставка. Нејзиниот кредибилитет е нарушен, а со тоа и се доведуваат под знак прашалник сите нејзини одлуки, се вели во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.