Пчелар од Охрид е казнет со 15.000 евра оти неговите пчели каснале охриѓанец.
Како што објави порталот СДК, според пресудата на Основниот суд од Охрид изречена после 8 години, лицето претрпело страв, а и имал физички и душевни болки од каснувањето што се случило во 2014 година.
Според пресудата, пчеларот се задолжува на тужителот да му исплати штета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари.
Според образложението од пресудата, пчеларот Лазе Грозданов од село Долно Коњско, Охрид е прогласен за виновен за кривично дело „предизвикување општа опасност“ оти го управувал своето возило во кое имал натоварено пчели. Во образложението стои дека сандаците не биле добро затворени, па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали, кого во моментот на бегање пчелите го касале во вратот, главата и лицето, по што бил искасан и отечен. Од претрпениот страв и ден денес чувствувал страв од пчели.
На пресудата, според СДК, реагираат од Здружението на пчеларите:
– Ова е директен удар врз пчеларите, велат од Здружението на пчелари Охрид.
Грозданов вели дека пресудата ќе ја обжали и најави масовна поддршка од сите пчелари од државава.
Охридски медиуми објавија дека лицето Паскали е поранешен локален функционер на СДСМ.