Однародување на македонскиот народ никогаш нема да се случи, објави поранешниот пратеник, министер и висок функционер во владејачката СДСМ, Горан Сугарески.
– Никој не кажа каде тоа македонската држава го прекрши договорот за пријателство. Не кажуваат затоа што никаде во ниту еден член го немаме како држава тоа направено. А пак за ова што се бара некаква си влада за национален спас,апсурдно е да се зборува, сигурно нема да ја има, објави Сугарески на својот профил на Фејсбук.
Тој до неодамна беше министер за транспорт и врски во претходниот состав на Владата на Зоран Заев.