Дваесет и шест лица починале во последните 24 часа од Ковид 19, а од направени 3081 тестирања, регистрирани се 1198 нови случаи на Ковид 19 или 38,8 отсто.

  • Осум лица од Скопје (72, 67, 88, 61, 87, 83, 59 и 67 години)
  • Едно лице од Куманово (80 години)
  • Едно лице од Штип (67 години)
  • Две лица од Прилеп (73 и 60 години)
  • Две лица од Тетово (71 и 56 години)
  • Две лица од Струга (68 и 37 години)
  • Две лица од Велес (76 и 55 години)
  • Четири лица од Битола (35, 73, 55 и 82 години)
  • Три лица од Охрид (46, 67 и 35 години)
  • Едно лице од Гостивар (53 години)

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51.213, бројката на оздравени пациенти е 30.204, на починати е 1.423, а бројот на активни случаи изнесува 19.586.