Бележиме одлична реализација на капиталните инвестиции предвидени во ресорот „транспорт и врски”, напиша денеска на својот Фејсбук профил министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Оваа 2019 година се собираат плодовите од затекнатите административни пречки од минатиот период. Заклучно со јуни реализираме 50 отсто од гасификацијата. Уште од сега со сигурност може да најавам 100 отсто исполнување на овој клучен проект. Изградбата на социјалните згради е 100 отсто реализација, вели Сугарески.

Во моментов, како што посочува, се работи на изградба и рехабилитација на 44 патишта или вкупно 550 километри.

-Течат 28 проекти за изградба на 187 километри комунална мрежа која ќе служи за 225 илјади жители. 2019 година е економска година, вели министерот за транспорт и врски