Автопатот Миладиновци – Штип ќе биде пуштен во сообраќај во текот на неделава, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Не би сакал да шпекулирам кој ден ќе биде пуштен во сообраќај, но до четврток, петок, ќе биде пуштен, рече Сугарески одговарајќи на новинарско прашање на конференцијата „Квалитента арматура-безбедни градби“ што се одржува во хотелот „Хилтон“ во организација на компанијата „Дојран стил“.

Пуштањето на автопатот, кој во најголем дел беше изграден од претходната влада, повеќепати досега е најаваувано, белки овојпат ќе има дефинитивно „свечен чочек“, како што тоа беше направено и со автопатот Демир Капија – Смоквица, кој исто така беше изграден од претходната власт и на кој долго се чекаше актуелната да го пушти во сообраќај.