Британскиот премиер Риши Сунак денеска се извини што предвреме ја напушти церемонијата по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија за да учествува во телевизиско интервју.

Сунак изјави дека вчера, по завршувањето на „британската манифестација“ во Нормандија, се вратил во Велика Британија.

– Кога ќе размислам за тоа, грешка беше што не останав подолго во Франција – и се извинувам, рече Сунак.

Фото: ЕПА