На речиси седум милиони луѓе во Етиопија им е неопходна помош во храна поради сушата која се повторува.

Националната комисија за управување со ризици од катастрофи во Етиопија објави дека се потребни една милијарда американски долари за да им се помогне на близу седум милиони луѓе.

Сушата има негативно влијание врз економијата и животот во таа земја.

Етиопија е земја која покрај големите суши, се бори и со разни болести.

Во земја со близу 100 милиони жители, сушите се најголем проблем за населението, кое претежно се занимава со сточарство и земјоделство.