ФБИ го истражува местото на несреќата каде се урна хеликоптерот со НБА ѕвездата Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица, изјави официјален претставник на Бирото.

Тој за Си-Ен-ЕН кажа дека екипата на ФБИ за собирање докази се наожа на местото на несреќата и дека им помага на локалните власти во истрагата.

Инаку официјалната истрага за несреќата ја води Одборот за безбедност на националниот сообраќај и тој ги испитува причините за фаталната несреќа.

Како што се наведува, временските услови во моментот на летот не ги исполнувале минималните стандарди за летање заради маглата, изјави портпаролот на службата Џош Рубинштајн.

Тој додаде дека, кога има такви услови, на хеликоптерите не им се дозволува да летаат.

-Не летавме во неделата наутро заради времето, рекол Рубинштајн.