Во берлинскиот Меморијал на Холокаустот синоќа беа запалени 75 свеќи по повод денешното одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот.

Церемонијата на палење на свеќи по повод Меѓународниот ден на сеќавања на жртвите од Холокаустот и 75-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау, го организираше Европската асоцијација на меморијали на убиените Евреи и Мемројалот на Холокаустот, јави агенцијата Тасс.

-На било кој ден, но пред се на Денот на сеќавање на Холокаустот, мораме да го покажеме нашето лице, мораме заедно да се кренеме за често повторуваните зборови веќе никогаш не бидат само празни фрази, изјави Леа Рош, претседателка на асоцијацијата.

И во берлинската катедрала се служеше миса по повод годишнината, а утре во Берлин ќе бидат организирани низа пригодни настани.