Денеска е 3 декември (по стар стил) и се слави Св. пророк Софониј.
Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Јеремија.
Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Ниневејија, Ерусалим, Египет.
Ерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни; пророците – фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го изопачуваат законот“ (гл. 3).
Кога го проѕре времето на доаѓањето на Месијата, восхитено воскликна: „Пеј ќерко Сионска; ликувај Израиле; радувај се и весели се со сето срце, ќерко јерусалимска!“
Овој тајновидец се упокои во местото на своето раѓање, за да го чека општото воскресение и наградата од Бога.