Утре е Света велокомаченичка Варвара, денот кога се сади Божикна пченица за да изникне и да ја краси трпезата за Рождеството Христово.

Раѓањето на Исус Христос е семеен празник кој се прославува во домот, но и со посета на православните храмови и богослужби. На Божикната трпеза се пали кандило и се крши лепчето, но има уште еден голем симбол на најрадосниот христијански празник – Божикната пченица.

Иако пред Божик можат да се купи и на пазарите и маркетите, доколку сте од оние кои сакаат да ги почитуваат обичаите, посадете сами.

За да порасне до Божик треба да се засади на време, да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и посевите во текот на годината, вели старото верување.

Пченицата се сади на празникот Св. велокомаченичка Варвара, на 17 декември, кај православните или на Св. Никола на 19 декември, а кај католиците на 13 декември, на денот на Света Луција.

За садењето ви е потребно малку пченица и чинија или сад во кој ќе ја посадите.

Во плиткиот сад ставете земја, на неа наредете ја пченицата, која преку ноќ стоела во вода. Зрната покријте ги со малку земја, која секој ден ќе ја прскате со вода на собна температура.

Пченичните зрна можат да се стават и без земја, само се распоредуваат на дното на садот, во потполност да го покријат.

До рабовите се остава барем еден сантиметар зашто пченицата со никнувањето ќе се прошири. Најдобро е само да се прска со вода, еднаш до два пати дневно.

Во средина на садот може да се остави празен простор во кој подоцна ќе се стави свеќа. Земете плитка чинија, по желба, во средина ставете малечка чаша (за ракија). Зрната нанесете ги околу чашата.

Пченицата која сте ја засадиле можете да ја покриете со памучна ткаенина натопена со вода, за да зрната набабрат и да има доволно количество влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци ткаенината треба да се тргне за да пченицата расте без проблем.

Пред да се стави на маса, житото се поткаструва со ножици за да биде израмнето во врвовите, бидејќи расте нерамномерно.

На Бадник ставете свеќа во средина, а житото на средина врзете го со црвена машничка.