На денешното рочиште за настаните од 27 април, ниту еден од сведоците не ги потврди тврдењата на Рускоска.

Сведокот Стефан Младеновски во своето сведочење, меѓу другото, кажа дека сѐ било координирано од Нинџа и упадот во Собранието се случил по негов налог, известува Курир. Младеновски никаде не спомена дека протестите и настаните биле организирани од политичка партија, а индикативно е што и Вилма Рускоска не поставуваше дополнителни прашања во таа насока, веројатно свесна дека за докажување на нејзините тврдења од обвинението ќе мора да се потпре на „столбот на нејзиниот случај“, Александар Василевски Нинџа.

„Нинџа ни соопшти дека ќе има протести пред ДИК и ако не бидат прифатени приговорите на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се упадне во седиштето. Пред седиштето беше донесен и ранец со молотови коктели. Беше во една во грмушките”, истакнал денеска Младеновски.