СВЕДОКОТ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ПОБИ ТВРДЕЊЕТО НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО: ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваше, но не ги организраше протестите

/ 13.05.2020

Сведокот предложен од ЈО Антонио Кочков денеска на судењето за настаните на 27 април ги сруши сите тврдења на Русковска дека ВМРО-ДПМНЕ бил организатор на протестите, пишува Курир.

Со оваа негова изјава се побива една од клучните тези во обвинението на Русковска.

Покрај ова, обвинителката на денешното судење инсистираше Кочков да каже дека ВМРО-ДПМНЕ е организатор, нешто што тој сведочејќи под заклетва категорично го одби.

Кочков кажа дека знаел за јавната поддршка на ВМРО на протестите, потенцирајќи дека и лично тој како човек ги поддржувал и редовно ги посетувал.

Еден од судиите на денешното судење побарал сведокот како заклучок да направи уште еднаш јасна динстинкција дали ВМРО-ДПМНЕ поддржувало или организирало протести, на што сведокот јасно кажа дека партијата поддржувала, а не ги организирала.

Рускоска видно нервозна од неуспехот во судницата по завршетокот на рочиштето набрзина ја напушти зградата без да даде никаква изјава, нешто што е реткост знаејќи колку сака медиумско внимание што го потврди и Боки 13 кој кажа дека Вилма нарачувала тв екипи да снимаат кога повикува луѓе кои не и се допаѓале на разговори во Обвинителството


Од истата категорија