И во денешниот билтен на МВР се регистрирани два напада од улични кучиња во Скопје.

На 12.05.2020 во 07:20 часот во Полициската станица Карпош, В.Ц.(70) од Скопје пријавил дека на ул.„Франце Прешерн“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната подлактица.

На 12.05.2020 во 22:20 часот во Полициската станица Драчево, К.И.(27) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека на ул.„Јанко Мишиќ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.