По сведоштвата на Миле Јовановски во аферата Рекет, зошто обвинителството не ги повика Вилма Русковска и Зоран Заев на распит?- прашува денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски самиот изјави дека на врвот на рекетарската мрежа седел Зоран Заев. Тој посочи дека Заев наредувал и управувал со обвинителството и судството. Јовановски кажа дека Заев праќал пораки со наредби кому да се вратат пасошите, се вели во реакцијата.
Воедно, се додава во соопштението, тој посведочи како Заев му кажал и го предупредил Бојан Јовановски дека против него е пријавен случај за рекет.
– Доколку ова е вистина, тоа значи дека ниту рекет бил можен без Заев, ниту пак е правда возможно со Вилма Русковска. Главното прашање, по сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, зошто обвинителството не ги повика Русковска и Зоран Заев на распит?- прашува ВМРО-ДПМНЕ.