За Гоце Делчуф
Помнум еште ка ма-нусиа на-Солун. Тугај ного са-гуворше за-Гоце Делчуф. Иjше у-нас, ниа гу-чувахме. Е, тугај, ка-с-запали Калинуво, татко ного jаде кутек ут-Турците. Гу-калваа, ниа ричеме татко к-о-утепат. Арно ама н’оо-дее, сј-о земе дома. Там бих и аска.
Турцте ного пакус правиа, запалиа селта, запалиа ного нарот, ного нарот измре тугај. Тугај ас бих уф-них, уф-вуjчинне. Вуjчина ка зее да-фаркат, да-пукат, са-пулупи, умре на-местто, умре еште. Гоце Делчуф се уф-нашто село ијше. Турците а-така ду-нас а-така един ду-друк, ду-нас биа. Ка к’и-трепше до-искарме ут-селто, ус-страх са-палнахме, ее, а-така бикол’ахме. Там имах баба, Ко-носахме. татко ус-нух. ус-Гоце Делчуф ојше. Hа-двa вечара татко па к-оjше, па каи-j-дунесе, па каи-доот. Па ниа каи-готвиме, к’и-j-прачекме. па к’и-сj-оде. Татко па к’и-рече: “Аjде Славо, ти сјаа к’и-доjш ус-наска.

“Ас раци стискум, ме-ј-страх. Дибеjк’и, дибеjк’и к-о-носме па на Калинува. Ка о-запалиа, Калинува, ас там бих. Вуjчина имум уф-Калинуво. Уддех Калинуво на-госте да-пуседум.

Тугај стана таа чудба. И наште тепат и Турцте тепат. Адно-време Турцте посустрашиа. Сетнан запалиа неколку души там, уф-Калинуво. Ее, ми кумите имше Калинуво, ама не падна ут-кумитии ни-адин, ништо, само деца шо-изгурее уф-каштте. Два-три деца изгурее уф-каштте. И наште типаа. Изгуниа Турцте, имше ена-река и пу-ректа, пу-ректа ги-jзгуниа. Избигаа Турцте и сетне нима ништо. Е, тоо знам, Гоце Делчуф се уф-нас бише. Нашто село бише. Дистин души другаре биа, ја-как. Сичко им-давахме. К’и-j-наранахме, к’и-jадаа, к’и-пуседаа и к’и-кинисаа да-си-г ледат работта.

Ее, адин имше саjменин, jок до-чине се шетше пу-ректа. Ас нусих леп, к’и-м-јо-даат: ајдее, варвум аска, нема шо. Страх, не
страх. И сјаа ка-дујдее наште партизане, па удих. У-Варварица сум-нусувала леп и jадене.
Гоце Делчуф викше: Макидониjа наша к’-е-ј. Да-не-о-издадаа, он не умирше. На-можаа д-о-утепат на-него. Шетше пу-Турцте, не-о-фатиа.

Еее, коо г-утипиа Гоце, как щне-помнум. Утепин у-Баница. Гулема бих. Емен усумдисе и пет гудини сум-ас, не-сум малечка. Ас сичко знам. Как не, тугај ас саках ерген, тугај Мице Гошевјо ерген бише, ма-сакше мен, ама не ма-даваха уд-дома. Сакше да-са-жене, ама гу-зимаа вуjник Турцте. Уф Кукуш и-нусиа, и-затвуриа там уф-сараj. Ут-тоо биа скукнали двуjца. Избигали, уф-нас дуjдеа. Па-татко -тугаj татко бише куџубашиа татко вике: “Скоро бигајте, к’и-дот Т:урцте, к’и-ва-искбл’ат”.

Слава Тушева (Коста Пеев) Пеев 1988 : 342-343

Извадок од книгата „Текстови од дијалектите на македонскиот јазик“, Божидар Видеоски, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2000

Селото Маловци се наоѓа на 17 километри северозападно од Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 42 метри.

Во 1873 година селото Маловци имало 8 семејства со 34 жители. Сппоред статистиката на Бугаринот Васил Кнчов, во 1900 година селото имало 50 жители.

Селото било под влијание на  Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев во 1905 г. селото имало 104 жители.

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а населението змаинало кон Струмица и Бугарија.

По крајот навојните селото бичо вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 20 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Тракија и ПОнд. Во 1926 година, селото било прекрстено во Илиолусто.