Светска банка соопшти дека ќе обезбеди дополнителни 530 милиони долари за поддршка на Украина, со што вкупната помош од Светска банка за таа земја ќе достигне 13 милијарди долари.
Помош за Украина поддржаа Велика Британија со 500 милиони долари и Данска со 30 милиони долари, се наведува во соопштението на Светска банка.
Се додава дека од 13 милијарди долари помош за Украина, 11 милијарди се целосно исплатени.