Арбитражен суд на Светска банка одлучи Венецуела да го обештети американскиот нафтен гигант Коноко Филипс со 8,7 милијарди долари.

Додека не биде платена целата сума, Каракас ќе треба да плаќа камати од 5,5 отсто годишно.

Kомпензацијата беше пресудена во врска со одземањето нафтени активи на Коноко Филипс во Венецуела од социјалистичката влада на поранешниот претседател Уго Чавез.

Во меѓувреме, подигнати се обвиненија за поранешниот венецуелски потпретседател Тарек ел Аисами заради шверц со дрога. Обвинителството на Њујорк го обвини Аисами дека користел службена функција за да помага на меѓународни шверцери со дрога.