24 милиони евра за километар железница која завршува во тунел кој не води никаде, на тоа СДС и ДУИ трошеле пари, се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
-24 милиони за километар железница е најверојатно новиот рекорд во светот, а го држи најкорумпираната влада на планетата кока некогаш постоела, таа на СДС и ДУИ, говори најновиот извештај на ДЗР. Имено 560 милиони евра е целата проекција за 23.4 километри железница од Крива Паланка до границата со Бугарија, која треба да дислоцира стотина куќи и која завршува во тунел кој не води никаде. За цената по километар да стигне 24 милиони евра, се погрижила владата на СДС и ДУИ кои цената на проектот ја дигнале од 340 милиони евра на 560 милиони. Фрапантно и без одговорност се трошени народни пари и на автопатот Кичево – Охрид кој едвај е помрднат од состојбата во која е оставен од ВМРО-ДПМНЕ, а за кој финансиската конструкција е проширена за нови над 180 милиони евра. Пари се трошени, а резултат нема, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Нема проект за кој СДС и ДУИ не додавале милиони, а истиот да е реализиран. Каде оделе десетици и стотици милиони евра е работа со која треба да се занимава ЈО и која не смее да остане не истражена, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Фото: Архива