Официјална Софија денес не само што не им дава никакви права на Македонците од Пиринска Македонија (во Бугарија) туку го негира постоењето и на Македонците во Република Македонија.
Но токму од Министерството за образование на Бугарија има документи за постоењето на Македонците во оваа земја, какви што сме објавувале во повеќе наврати, како што е и ова свидителство за завршено основно образование, во кое за ученикот во рубриката народност пишува: Македонец (а не Б`лгарин).
Свидетелството е на име на Георги Костадинов за учебната 1958/59 година. Костадинов учел во Третото основно училиште во Благоевград (Горна Џумаја) во Пиринска Македонија.
Канцеларијата за човекови права на ОН го посочи извештајот што независен експерт на ОН за малцински прашања го претставил до Советот за човекови права во јули 2011 година, согласно кој, Владата на Бугарија се повикува да ги заштити слободата на изразување и здружување на припадниците на македонското малцинство.
Во извештајот на ОН од 2011 година е нотирано дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари.
(Д. Г.)