Венците кои ги положи македонската делегација, предводена од претседателот Стево Пендаровски во манастирот Прохор Пчињски за Илинден, се уште стојат, но плочата на која пишуваше дека таму се одржало АСНОМ веќе ја нема.

Како што објави македонскиот портал Експрес таа денеска не била на местото каде што српските власти и претставниците на СПЦ ја вратија за празникот Илинден на местото каде што стоеше до постоењето на СФРЈ, кога беше тргната од тогашните српски дрѓавни и црковни власти.

Порталот Експрес објави фотографија на која се гледа дека плочата, која е специјално изработена за годинашниот Илинден, е тргната една недела откако пред неа се поклони македонска делегација.

Станува збор за новоизработена плоча, напишана двојазично на македонски и српски јазик, бидејќи автентичната била изгубена по нејзиното отстранување во деведесеттите години од минатиот век.