Светската здравствена организација соопшти дека смртноста меѓу пациентите со Ковид-19 е рекордна на глобалнно ниво втора недела по ред.

Во текот на изминатата недела, сппоред СЗО, повеќе од 93.000 заразени луѓе со Ковид-19 починале во светот и потврдени се 5,7 милиони нови инфекции.

Во минатонеделниот извештај на СЗО наведено е дека во периодот од 26 април до 2 мај, во светот се потврдени 5.705.981 новозаразени и 93.523 смртни случаи.

СЗО објави дека британскиот сој на коронавирусот се прошири во 142 земји низ светот,  јужноафриканскиот сој потврден е во 97 земји, додека бразилска варијанта е присутна во 56 земји.