Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека понатамошната ескалација по руската инвазија на Украина може да резултира со хуманитарна катастрофа, соопшти нејзината регионална канцеларија за Европа.

„Секоја понатамошна ескалација може да резултира со хуманитарна катастрофа во Европа, вклучувајќи значителен биланс во однос на жртвите, како и дополнителна штета на и онака кревките здравствени системи“, се вели во соопштението на канцеларијата.

СЗО  оценува дека ситуацијата е особено загрижувачка во контекст на пандемијата на коронавирус и тековната епидемија на полио во земјата.

„Здравствените работници, болниците и другите установи никогаш не смеат да бидат цел и треба да им се дозволи да продолжат да им служат на здравствените потреби на заедниците“, велат од регионалната канцеларија. „Заштитата на цивилите е обврска според меѓународното хуманитарно право“, потсетува СЗО.