Светската здравствена организација (СЗО) денеска во Женева го почнува своето годишно собрание, со клучен фокус на формалното усвојување на долгоочекуваниот меѓународен договор за пандемија.
Развиен со рекордна брзина како одговор на лекциите научени од пандемијата на Ковид19, договорот има за цел да го спречи хаосот што се виде при глобалната борба за медицински материјали и да обезбеди поправедна дистрибуција на вакцини во идните здравствени кризи, пренесе ДПА.
Формалното усвојување на договорот е закажано за утре.
Сепак, неколку спорни детали остануваат нерешени и се очекува да се преговара одделно во текот на следната година како анекс на договорот. Тие вклучуваат, на пример, како производителите на вакцини добиваат патогени со пандемски потенцијал и што добиваат за возврат земјите што ги обезбедуваат.
На собранието ќе учествуваат делегати од 194-те земји членки на СЗО и е главно тело за одлучување на организацијата.
СЗО се наоѓа на крстопат откако САД, кои во моментов се најголем донатор на организацијата, соопштија дека ќе ја напуштат на почетокот на 2026 година, потег што ќе намали речиси една петина од буџетот на здравствената агенција на ОН.
Како одговор на тоа, СЗО веќе најави далекусежни мерки за намалување на трошоците, вклучително и намалување на персоналот.
Фото: МИА архива