Светската здравствена организација (СЗО) започна да ја користи фразата „физичко дистанцирање“ наместо „социјално дистанцирање“ како начин да се спречи ширењето на новиот коронавирус од човек на човек, што е потег што многу експерти го поздравија како чекор во „вистинска насока“, објави Алџезира.
Претставници на ова глобално здравствено тело изјавија дека иако е апсолутно неопходно да се одржува физичко растојание поради пандемијата, тоа не значи дека мораме социјално да се одвоиме од своите блиски, од своето семејство.
Брзото ширење на вирусот, што прво беше забележан во кинескиот град Вухан во декември минатата година, ги натера државите ширум светот да наметнат целосна изолација, да ги затворат аеродромите и да воведат строги ограничувања на движење на своите граѓани.
– Денеска технологијата е толку напредната што можеме да останеме поврзани на многу начини, без да бидеме во иста просторија или физички да бидеме во ист простор со луѓе, изјави Марија Ван Керхове, епидемиолог од СЗО и додаде дека го менуваат изразот и сега зборуваат за физичка дистанца и тоа намерно, бидејќи сакаат луѓето сепак да останат поврзани.
Како да се зголеми физичкиот простор помеѓу луѓето
Бидејќи коронавирусот се шири главно преку респираторни капки, особено кога луѓето кашлаат или киваат, одржувањето на безбедно растојание се препорачува за да се намали пренесувањето.
СЗО препорачува да држиме растојание на повеќе од еден метар од друга личност, додека други здравствени експерти препорачуваат дистанца од најмалку два метри.
Можат да се преземат многу мерки за зголемување на физичкиот простор помеѓу луѓето.
Тие вклучуваат често останување дома, работа од дома ако е возможно, комуникација со најблиските преку интернет наместо во живо, строго ограничен број на посетители во домовите, избегнување на големи јавни настани или јавен превоз и држење дистанца од луѓе кога сте во јавен простор.
– Социјалното дистанцирање го прават да звучи како да луѓето треба да престанат со комуникација, за да можеме да сочуваме што поголем дел од заедницата додека држиме физичка дистанца меѓу нас, истакна Џереми Фрис, професор по социологија на Универзитетот Стенфорд, САД.
Треба физичи да се дистанцираме за да можеме да го заштитиме здравјето на сите нас, но важно е и менталното здравје, а социјалната изолација не е добра за менталното здравје, додава Фрис.
Разлика помеѓу термините
Мартин В. Бауер, професор по социјална психологија и истражувачка методологија на Лондонскиот економски факултет, ја поддржа промената во терминилогијата, што ја воведе СЗО, велејќи дека тоа требаше да го направат многу порано.
– Од почетокот ми се чинеше дека овој избор на зборови не е добар, да збориме за „социјална дистанца“, кога всушност мислиме на „физичка дистанца“, изјави Бауер.
Физичкото растојание се мери во метри или сантиметри. Тоа е географско растојание од лицето А до лицето Б, додека социјална дистанца го мери растојанието помеѓу социјалните граници, објаснува Бауер.
Бауер изјави дека многу е важно да се прави разлика помеѓу тие два дермини
-Добро е што СЗО конечно ја исправи грешката, кога ја помешаа физичката дистанца со социјалната дистанца, додава тој.
Во овие необични времиња на (пандемија) вируси, сакаме јасна физичка дистанца (минимално два метри), но во исто време сакаме луѓето да остана блиски едни со други „социјално“.