Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, вечерва соопшти дека тој и неговата партија повеќе не се дел од Коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ и Али Ахмети.
– Сто дена се малку за да се анализира работата на една Влада. Причината зошто отсуствував на прес-конференцијата организирана од „Европски фронт“ за стоте дена од владеењето на Владата е поради тоа што јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од Фронтот – рече Тачи вечерва во гостување на ТВ Клан МК.