Марко Петревски
Македонците први вапцувале јајца за Велигден уште во 13 век, пишува американскиот дневен весник Тајмс.
Темата на текстот во Тајмс од 27 март 2002 година е вапцувањето јајца за Велигден. Има препораки како да се вапцаат, што да се направи ако јајце напукне при фарбање, да не се користат подолго од една недела откако ќе се вапцаат итн. Текстот е дополнет со неколку рецепти со варени јајца.
Во текстот на Тајмс цитирани се информации од фирмата Паас, која е производител на бои за велигденски јајца во САД и е основана во 1881 година од Вилијам Тауни во Њу Џерси.
Според податоците цитирани од новинарката Кејти Смит во Тајмс, Македонците во 13 век се првите христијани кои почнале да бојадисуваат јајца за време на велигденските празници.
Крстоносците враќајќи се од Блискиот Исток ја прошириле оваа практика на бојадисување јајца низ Европа, а Европејците ги бојат јајцата за да го прослават Велигден и другите празници.