Владата на премиерот Зоран Заев, која има повеќе од 250 вработени во Генералниот секретаријат, дополнително лани во декември ангажирала 58 лица.

Но, за разлика од вработените, што се наведени со име и презиме, 59-те тајни хонорарци се скриени, па и покрај сите декларирани заложби за транспарентност, Владата инсистира тие да останат анонимни, објави порталот Призма.

Станува збор за ангажирани хонорарци, кои за кои за еден месец биле исплатени повеќе од 37.000 евра.

Меѓу тајните хонорарци има ангажирани пишувач на соопштенија од пресови, пишувачи на разни студии, организатор на продукција, советник за борба против Ковид-19, графички дизајнер, монтажер, советник за геодезија, советник за европски интеграции, преведувачи и слично.