Денеска почина овчарот од Кратовско, кој од хумани луѓе на раце беше носен по безпаќе за да му биде спасен животот.

А пред две години премиерот Зоран Заев вети дека добиваме два хеликоптера кои „за 15 минути ќе му помогнат на секого што му е потребна помош“ во Македонија!

Јасно е дека, за жал,  на човекот од Кратовско не му помогнале хеликоптерите на Заев. Нејасно е каде се сега тие и колку е платено за нив. Останатото е објаснето во објавата на Заев од 2019 година.

Граѓаните се двојно излажани: дека хеликоптери ќе им помагаат кога има потреба, што еве не се случи. И второ: колку и да се модерни хеликоптерите, за 15 минути не може да ја завршат операцијата за која пред две години во еуфорија пишувал премиерот Заев, како што не може и најдобрата градежна фирма во светов за 15 дена да изгради, ете да речеме, трговски центар Глобал.